МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ЧЕШКА ВО МАКЕДОНИЈА ТОМАН

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска имаше успешна работна средба со амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Томан.

На средбата се разговараше за евентуална соработка и размена на искуства на медицинските работници од Чешка и Македонија, обука на македонски медицински кадар во големите Чешки клиники.

Министерот Филипче и чешкиот министер за здравство, Адам Војчех на последната нивна средба веќе имале прелиминарни разговори на оваа тема.

Share This Article :

Related Posts