МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ПРОФЕСИОНАЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ЈАВНО-ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ, НАЈОСТРО ГИ ОСУДУВАМ НАПАДИТЕ ВРЗ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И СОРАБОТНИЦИ

 

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претседателката на Лекарската Комора доц. д-р Калина Гривчева Старделова, претставници на Здружението на лекари специјализанти ЗЛС и претставници на Комората на медицински сестри, денеска одржаа координативен состанок во Министерството за внатрешни работи по нападите врз медицинскиот кадар и полицијата кои се случија изминатава недела. На средбата, беше договорено да се ангажира професионално обезбедување во јавно-здравствените установи.

„Најостро ги осудувам нападите врз здравствените работници и соработници. Ова се напади кои немаат никаква логика. Станува збор за здравствени работници и соработници кои пожртвувано се борат за животите на најблиските на тие што ги напаѓаат. Предвидени се сериозни казни за ваквите дела. Предвидени се и затворски казни во зависност од тежината на делото коешто ќе го направат при нападот. Од Министерството за внатрешни работи ќе направат мобилни патроли кои ќе патролираат околу старата градска болница, а ние со обезбедување на соодветен систем трајно ќе го решиме овој проблем“, изјави денеска министерот Филипче.

 

Share This Article :

Related Posts