МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: СМРТНОСТА НА ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИТЕ БЕБИЊА ЈА ПРЕПОЛОВИВМЕ И Е НАЈМАЛА ВО ИЗМИНАТИТЕ 10 ГОДИНИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во утринската емисија на телевизија Сител истакна дека најмала е смртноста на предвремено родените бебиња во изминатите 10 години.

„Еден од првите пресови во Владата беше за новороденечката смртност и тогаш презедовме сериозни низа на мерки. Доенечката смртност е преполовена. Раната неонатална смртност е преполовена. Перинаталната смртност e преполовена. Инвестиравме во опремата, во делот на инфраструктурата, но најбитно од се во луѓето, за да се подигне нивото на експертизата“, потенцираше министерот Филипче.

Во утринската емисија, министерот Филипче изјави дека порано имало периоди во коишто две бебиња биле сместени во еден инкубатор, имало пропусти во водењето, во процесот на раѓање, третманот на бебињата во непосредниот период по раѓањето, третманот во првите шест дена што се нарекува ран неонатален период, но и во доенечкиот период во првата година.

„Направивме сериозни проекти, со УНФПА, проект Хоуп, со експерти кои ги едуцираа нашите гинеколози и ненонатолози во земјава. Имплементиравме 12 протоколи за тоа како треба и што треба да се постапи со предвремено родени, што се прави во светот, кои постапки, дијагностики. Направивме нови неинвазивни методи за вентилација нешто што ги штеди белите дробови на бебето после раѓањето“, рече министерот Филипче.

Видео: https://youtu.be/htHGauQLMKI

Share This Article :

Related Posts