МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВО ТЕК Е ИЗГРАДБА НА НОВА ХИРУРШКА САЛА И РЕНОВИРАЊЕ НА БОЛНИЧКИОТ ОДДЕЛ НА КЛИНИКАТА ЗА ТОРАКАЛНА И ВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА

Изградба на нова хируршка сала со комплетна опрема, како и реновирање на нов болнички оддел се новините на кои интензивно се работи на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија.

Новата хируршка сала е комплетно опремена со нова опрема и ќе биде една од најмодерните и опремени сали на ниво на цела држава.

Со новиот болнички оддел ќе се зголеми капацитетот на хоспитализирани пациенти за една третина. Истото ќе се постигне со зголемување на капацитетот со 15 болнички кревети (претходно одделот беше предвиден за 50 пациенти).

Инаку, овој простор претходно беше целосно запуштен и воопшто не се користеше, а сега од корен се реновира и се инсталира нова најсовремена опрема.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја посети Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, каде заедно со директорот на установата д-р Неџати Јакупи и вработените направи обиколка низ просториите кои ќе бидат дел од целосното реконструирање на Клиниката.

 

Share This Article :

Related Posts