МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВО ТЕК Е ИЗГРАДБА НА НОВА, СОВРЕМЕНА ХИРУРШКА САЛА ВО БОЛНИЦАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера ја посети Општата болница со проширена дејност Гевгелија, која е во фаза на подобрување на условите.

„Преку ИПА Програмата за погранична соработка соработка со Република Грција тек е изградба на нова, современа хируршка сала во оваа болница. Исто така, во фаза е и комплетно реновирање и преадаптација на постоечките простории на кабинетот за Дијабет, Биохемиска лабораторија и Болничка аптека во нов современ Центар за Дијабетес“, потенцираше министерот Филипче и најави дека следната година оваа болница ќе добие нов дигитален рентген апарат и апарат за магнетна резонанца.

Од сопствени средства се извршени молерофасадерски работи во сите амбуланти и одделенија на болницата, а старите и дотраени прозорци се заменети со нови, особено на Одделението за нервни болести.

„Преку ИПА Програмата за погранична соработка соработка со Р.Грција, Општа болница со проширена дејност Гевгелија како учесник во проектот „Унифициран информационен систем за размена на информации преку примарните здравствени единици во пограничното подрачје за итни здравствени случаи – HEALTH-INFO“ изврши набавка на нов дигитален ехо апарат за потребите на кабинетот за рентген дијагностика, а воедно преку истиот проект ќе се спроведуваат бесплатни мамографски скрининзи“, изјави д-р Митко Крџев, директор на болницата.

Во периодот што следува ќе отпочне постапка за набавка на опрема за комплетно опремување на новоизградена хируршка сала/дијабет центар, како и опрема за потребите на Одделението за физикална медицина.

Во текот на 2018 и 2019 година, реализирани се 18 вработувања на неопределено време и 9 вработувања со договор на дело. Вработените во оваа јавно здравствена институција добија и зголемени плати и дежурства.

Share This Article :

Related Posts