МИНИСТЕРОТ БЕКИМ САЛИ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

Министерот за здравство, Беким Сали, присуствуваше на интернационалната конференција на Министерството за финансии.

– Со задоволство ја прифатив поканата да присуствувам на отворањето на интернационалната конференција на Министерството за финансии заедно со премиерот, Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими. На наше огромно задоволство, дел од овој настан е и Пол Кругман, почитуван професор по економија и добитник на Нобеловата меморијална награда за 2008 година, информира министерот Сали.

Теми на конференцијата се макроекономски предизвици во турбулентни времиња, отпорност, конкурентност и регионална соработка. Исто така, фокус е ставен и на енергетска зелена транзиција и инфраструктура, како и двигатели за одржлив раст, како тема надвор од кризата.

Сподели на:

Related Posts