МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ГИ ПРЕЗЕМА СИТЕ НЕОПХОДНИ МЕРКИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ СО ШЕЕСЕТ И ЕДНОГОДИШНАТА ЖЕНА, КОЈА ПОЧИНАЛА НА КАРИЛ, ОТКАКО БИЛА ОПЕРИРАНА ОД ПУКНАТ ИЗРАСТОК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО НА КЛИНИКАТА ЗА АБДОМЕН

Наша должност е секогаш транспарентно да ве информираме.

По вчерашната објава на порталот „Скопјеинфо“ дека на Клинички починала 50 годишна жена од слепо црево, бидејќи немало слободен болнички кревет, Министерството ги контактираше сите клиники во Клиничкиот центар, по што утврдивме дека таков случај опишан во порталот немало регистрирано на ниту една клиника.

Министерството за здравство денеска беше информирано за случај на шеесет и едногодишна пациентка, која починала на КАРИЛ, откако била оперирана од пукнат израсток на дебело црево на Клиниката за абдомен.

Согласно добиените информации, Државниот санитарен инспекторат направи вонреден инспекциски надзор и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Државниот санитарен инспекторат  го истражува патот на лекување на пациентката, почнувајќи од матичен лекар,  па се до КАРИЛ, каде што починала.

Уште еднаш напоменуваме дека Министерството за здравство ги презема сите  неопходните мерки за расчистување на случајот. Жалиме поради овој немил случај и изразуваме сочувство до семејството.

 

Share This Article :

Related Posts