ЦЕНТРАЛИЗИРАЊЕ НА ДЕЈНОСТИТЕ ОНКОЛОГИЈА И РАДИОТЕРАПИЈА ЗА ПОГОЛЕМА СТРУЧНОСТ НА РАДИОЛОШКИТЕ ТЕРАПИИ И РАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СРЕДСТВАТА

На 152. седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои информацијата со иницијатива за соединување–централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември”–Скопје, Клиничката болница Штип и Клиничката болница Битола, како и низ останатите градови во Републиката.

Овој чекор ќе обезбеди стручна, навремена и технолошки напредна радиолошка терапија за пациентите низ целата држава.

Централизирањето на дејноста е во насока на обезбедување поголема стручност во радиолошките терапии, максимална рационализација на средствата, со тоа што заштедата од еден ваков проект за идната година е најмалку 140 илјади евра, коишто ќе може да се инвестираат во нова пософистицирана опрема.

Во подрачните одделенија, новоформираните центри ќе бидат опремени со современа опрема што е веќе набавена, а со неа ќе раководи високостручен кадар обучен за спроведување софистицирани радиотераписки процедури.

Министерството за здравство е во процес на подготовка на Aкциски план за реализација на инцијативата со конкретни чекори, рокови и правни модалитети.

Со последните заложби на Министерството за здравство посвети големо внимание на пациентите со најтешките, онколошки заболувања. Ваквиот начин на централизација ќе ги надгради капацитетите на подрачните одделенија, а пациентите и граѓаните ќе го препознаат како зголемување на капацитетите и квалитетот на здравствени услуги.

 

Share This Article :

Related Posts