МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЌЕ РЕАГИРА НА НЕТОЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОД МЕДИУМИТЕ ПРЕКУ СОВЕТОТ ЗА ЕТИКА ВО МЕДИУМИТЕ И СОВЕТОТ НА ЧЕСТА

Министерството за здравство во изминатиот период беше предмет на многу медиумски објави каде се изнесуваа неточни информации и шпекулации за работата на Министерството. Со цел спречување натамошни шпекулативни медиумски објави, Министерството за здравство ќе реагира преку соодветните медиумски и новинарски инстанции, Советот за етика и Советот на честа, односно со испраќање претставки до овие тела.

Оваа одлука е во насока на правилно и точно информирање на јавноста и со цел да не се изнесуваат неточни, произволни информации и заклучоци во врска со работата на Министерството.

Медиумските објави и новинарските текстови каде што во изминатиот период беа изнесени бројни неправилности и непотврдени информации во врска со тендерските јавни набавки, предизвикаа штета на целиот процес којшто според основните регулативи треба да биде транспарентен и објективен, со цел рамноправно учество на сите заинтересирани учесници.

Штета е нанесена и на самото Министерство за здравство со тоа што е доведено во корелација со неточни класификации.

Министерството за здравство спроведува јавна и одговорна политика во врска со јавните набавки, а транспарентен однос развива кон медиумите и нивната улога во информирање на јавноста. Во таа насока отворени сме за сите прашања и потребни информации за медиумите.

Работата на Министерството за здравство се одвива според правната и законска регулатива на Република Северна Македонија и истото е потврдено и од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, преку јавно објавената одлука во која се кажува: По сеопфатно проучување на прибраниот доказен материјал во врска со наводните неправилности при тендери на Министерството за здравство, обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема сомнение за кривично дело што значи дека запира предистрагата.

Министерството за здравство останува фокусирано на создавање подобри здравствени услуги за граѓаните, истовремено ќе ги информира медиумите и граѓаните за сите свои активности. Во таа насока останува достапно и за сите прашања и потребни информации за правилно и точно информирање на јавноста.

Share This Article :

Related Posts