МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО МАКСИМАЛНО АНГАЖИРАНО ПО ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

Службите и екипите на Министерството за здравство уште од моментот кога се случи вчерашната страшна сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во близина на село Ласкарци и во која починаа 14 лица, се на терен, максимално ангажирани и ажурни во целта да се направи сè за да се спасат животите на тешко повредените.

Мобилизирани се специјалисти од земјава и искористени се ресурси од сите клиники, екипите од болницата „8 Септември“, Ургентниот Центар, Клиничката болница во Тетово и возилата за итна медицинска помош од Здравствениот дом во Скопје и од приватните болници „Систина“ и „Неуромедика“. Целокупниот здравствен систем е активиран веднаш и постојано се прават натчовечки напори за да им се помогне на пациентите.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, од рано утрово ги посети сите повредени, а исто така, до доцна во ноќта заедно со служби од Министерството за здравство направи увид на здравствената состојба на пациентите и го чекаше исходот од вкупниот број на жртви во ходниците на болниците, заедно со семејствата на учесниците во трагичниот настан.

Share This Article :

Related Posts