МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНОВАЦИИ ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ, ИНОВАЦИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА НА АВСТРИЈА

Во Виена, Република Австрија, денеска беше потпишан заеднички договор за имплементација на австриските искуства во областа на иновации во медицината меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија. 

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека со овој договор Министерството за здравство се приближува кон европските практики и искуства.

-Имавме можност со Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија да потпишеме договор, кој ќе претставува основа за развој на модерни и иновативни технологии во медицината и приближување на нашата земја кон најдобрите практики од Европската Унија, изјави министерот Филипче.

 

 

Share This Article :

Related Posts