МОМЧЕТО СО ИЗГОРЕНИЦИ ОД СТРУЕН УДАР СМЕСТЕНО Е ВО БОЛНИЦАТА ПИРОГОВ, СОФИЈА, ВО СИГУРНИ РАЦЕ НА СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ДЕТСКИ ИЗГОРЕНИЦИ

Момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар сместено е во болницата Пирогов, во Софија, Република Бугарија, во сигурни раце на специјалист за детски изгореници.

За транспорт на пациентот, беше обезбедено санитетско возило по сите стандарди, згрижено според сите протоколи и упатено е на натамошно лекување во најдобриот центар за изгореници на Балканот.

На располагање беа и хелихоптери од Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, но поради сериозноста на повредите, момчето е пренесено со санитетско возило од брзата помош. За да стигне побрзо беше обезбедено и брзо поминување со полициска придружба од македонско-бугарската граница до болницата во Софија.

Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи се активираа веднаш и направија сѐ да му се помогне и да се спаси неговиот живот.

Голема благодарност до Република Бугарија, кои веднаш прифатија лекување и обезбедија место за момчето.

Share This Article :

Related Posts