МЗ, ФЗО И СИТЕ ЗАСЕГНАТИ ИНСТИТУЦИИ СЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ, ВО МОМЕНТОВ СЕ ПОДГОТВУВА МЕДИЦИНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И СЕ ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ МОМЧЕТО КОЕ ВЧЕРА СЕ ЗДОБИ СО ИЗГОРЕНИЦИ ОД СТРУЕН УДАР ВО НАЈБРЗО ВРЕМЕ ДА БИДЕ ПРЕНЕСЕНО НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО

Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и сите засегнати институции се на располагање, во моментов се подготвува медицинска документација и се организира превоз момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар во најбрзо време да биде пренесено на лекување во странство. Нашите лекари максимално се грижат за момчето да ја добие неопходната здравствена заштита. Со дополнителни информации ќе излеземе за краток временски период. Замолуваме да не се шират дезинформации. Не се точни наводите дека министерот Филипче е отсутен и недостапен. Од рано утринава почнаа подготовките за да се испрати пациентот на понатамошно лекување.

Share This Article :

Related Posts