ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ, Д-Р ЧАКАРОВСКИ ГО ПОСЕТИ МОБИЛНИОТ ИНФО ХЕП ЦЕНТАР ВО БИТОЛА

Заменик министерот  за здравство, д-р Гоце Чакаровски денеска во Битола го посети Мобилниот инфо-хеп центар, во рамки на акцијата за бесплатни прегледи на црн дроб и тестирања за хепатит Ц и ХИВ, во организација на Хепар Центар Битола.

Мобилното возило во претстојниот период ќе врши превентивни прегледи во повеќе градови низ државата, како резултат на соработката со хрватско здружение за борба против болести на црн дроб.

Заменик-министерот, д-р Чакаровски  информираше дека е во тек изготвување сеопфатна стратегија за превенција од ова заболување, како и изработка на посебен регистар на лица заболени од вирусен хепатит.

Еден од приоритетите на Министерството е превенција и едукација на населението и здравствените работници, со цел заштита од ова заболување. Министерството во континиитет ги следи препораките на Светска здравствена организација и се работи во насока на целосно искоренување на вирусниот хепатит до 2030 година.

Сподели на:

Related Posts