НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА ВОВЕДЕНА Е ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА

На Универзитетската Клиника за радиотерапија и онклогија, покрај давањето за соодветен третман при лекување на пациентите, кој вклучува обезбедување на соодветна терапија за пациентот кој се лекува на оваа Клиника, од минатата година во оваа терапија вклучена е и психосоцијалната поддршка на пациентот како клучна за подобрување на целокупниот процес низ којшто поминува пациентот.

„Се грижиме за подобро здравје на нашите пациенти. За првпат обезбедивме психолошка поддршка на пациентите со онколошки заболувања и оваа поддршка е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. Обезбедивме над 30 молекули иновативна, биолошка терапија и сега во нашата држава нема ниту еден пациент да чека за лек за малигна болест. Ниту еден пациент којшто има малигна болест не само за процесот на лекување, туку и за контролни прегледи сега не плаќа партиципација“, потенцираше министерот Филипче.

Воведен е и успешно функционира протоколот во кој психолозите даваат индивидуално и групно, психосоцијална поддршка на пациентите и нивните семејства во Кабинетот за психолошка поддршка, во дневната болница и во болничките соби. Целта на психо-онкологијата е давање на психосоцијална поддршка за пациентите со надеж за зголемување на квалитетот на животот на пациентите.

 

Share This Article :

Related Posts