НА ОРТОПЕДИЈА ПРИ ТОАРИЛУЦ ПУШТЕНО ВО ФУНКЦИЈА ЦЕЛОСНО ОПРЕМЕНО РЕНОВИРАНО КРИЛО

По цели 70 години реновиран е и пуштен во употреба Блокот А на Клиниката за ортопедија, при ТОАРИЛУЦ. На оваа клиника се лекуваат пациенти со малигни заболувања на коскениот систем, пациенти кои имаат потешкотии по операциите и деца кои се лекуваат од истите болести. Со реновирањето на овој оддел се подобруваат болничките услови на пациентите со комплетно нови опремени соби и апартмани, а се создадоа и поубави услови за работа на здравствениот кадар, кои со својата несебична заложба и истрајност низ годините покажаа дека се целосно посветени во грижата и третманот на пациентите.Во наредниот период следува реновирање на уште една операциона сала и другото крило од Ортопедија.

Сподели на:

Related Posts