НАБАВЕНИ НАЈДОБРИТЕ ЧЕТИРИВАЛЕНТНИ ВАКЦИНИ ЗА СЕЗОНСКИ ГРИП

Министерството за здравство преку јавна набавка обезбеди 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година.

Станува збор за четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови на инфлуенца. Истата е според препораките на Светска Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција.

Годинава, за првпат се набавуваат вакцини против сезонски грип кои се бесплатни за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија.

Министерството за здравство, во оваа постапка задолжително во условите, побара документи со кои се потврдува квалитетот на вакцините.

За оваа набавка, министерството испланира 13,333,333.00 милиони денари, но по спроведената електронска аукција, постигната е цена во вкупен износ од  8,666,665.00 денари. Со тоа, при набавката на вакцините постигната е најниската цена на чинење, со што Министерството заштеди околу 75 илјади евра.

Четиривалентната вакцина е производство на Француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.

Вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се препорачува за лицата постари од 65 години, особено хронично болните, здравствени работници, лица со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лица со намален имунитет.

Вакцинацијата ќе се одвива во Центрите за јавно здравје низ државата.

Количините ќе бидат распределени според потребите на населението.

Вакцинирањето се одвива според препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за северната хемисфера за сезона 2018/19 година, како и препораките на Европската медицинска агенција.

Share This Article :

Related Posts