Објавено на март 7, 2013

НАЈАВА – Свечено отворање на седиштето на Секретаријатот на Здравствената мрежа на земјите од Југоисточна Европа во Скопје

Информираме дека  во четврток (07.03.2013) ќе се одржи свечено отворање на седиштето на Секретаријатот на Здравствената мрежа на земјите од Југоисточна Европа во Скопје и по тој повод е планирана следната агенда:
10.00 – Посета на седиштето на Секретаријатот на здравствената мрежа, што се наоѓа во рамки на објектот на Светска здравствена организација (ул. Мирка Гинова бр.17).

 

Покануваме сниматели и фоторепортери да го проследат настанот.
12.00 – во Музејот на македонската револуционерна борба ќе се одржи свечено отворање на седиштето на Секретаријатот на Здравствената мрежа на земјите од Југоисточна Европа.
Свое обраќање ќе имаат министерот за здравство Никола Тодоров, регионалниот директор на СЗО за Европа, Сузана Јакаб и д-р Горан Черкез, помошник-министер за здравство од Босна и Херцеговина, претседавач на извршниот комитет на Мрежата.
По завршување на свечениот дел се предвидени  изјави за медиумите
Отворањето на седиштето на Секретаријатот на здравствената мрежа на земјите од Југоисточна Европа претставува значајно меѓународно достигнување и потврда за заложбите и добрите политики на нашата држава, како една од најактивните држави членки во мрежата.
Здравствената мрежа на земјите од ЈИЕ е регионална иницијатива која постои веќе 10 години, како активен учесник во глобалните здравствени текови и претставува заедничка иницијатива на министрите за здравство на Хрватска, Албанија, Босна и Хецеговина, Молдавија, Романија, Србија, Црна Гора и Македонија, како и на нивните партнери: Совет на Европа, СЗО-регионална канцеларија за Европа, Банката за развој на Советот на Европа, Европска Унија (во својство на опсервер), Белгија, Норвешка, Швајцарија, Словенија, Велика Британија, Грција, Италија, Франција, Унгарија, Шведска и Израел.
Објавено во: Прес најави