НАЈГОЛЕМО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ДОСЕГА ВО ЗДРАВСТВОТО, ПРВПАТ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ СЕ ВИСТИНСКИ ВРЕДНУВАНИ И ПОЧИТУВАНИ

Министерството за здравство информира дека досега е направено најголемо зголемување на платите во јавното здравство. За две години направени се рекордни покачувања во платите на здравствените работници, а медицинските сестри за првпат се вистински вреднувани и почитувани.
Во месец септември 2018 година, на 19.123 вработени во јавно-здравствените установи им се зголеми основицата за плата за 5%.
Во јануари 2019 година, следуваше дополнително зголемување на платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари. 5% за медицинските сестри, 8% на медицинските сестри на Клиниките и 10% за докторите специјалисти.
Во септември 2019 година, за 5% е зголемена платата на администрацијата во здравството.
Од февруари 2020 година, за 25% се зголемуваат платите на лекарите специјалисти, а за 10% на медицинските сестри.
Вкупно, со сите зголемувања од 2018 година, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%.
Исто така, зголемени се коефициентите за исплата на дежурства и ноќен труд на медицинскиот кадар. Некои типови на дежурства се зголемени за два до три пати, а за првпат, приватните специјализанти се платени за својот труд
Вложуваме во човечкиот капитал и водиме вистинска грижа за нашите здравствени работници, тие да бидат мотивирани во својата работа и својата иднина да ја градат во нашата држава.
Во комуникација со синдикатите постигнати се историски договори за вреднување на вложениот труд на медицинските сестри.
Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија ги слушаат потребите на здравствените работници и се носат одлуки со кои им се подобрува квалитетот за работа.
И во наредниот период, продолжуваме со унапредување на условите за работа на сите здравствени работници во Република Северна Македонија.

Сподели на:

Related Posts