НАМАЛЕНИ МАКСИМАЛНИТЕ ЦЕНИ НА 336 ГЕНЕРИЧКИ И 222 ИНОВАТИВНИ ЛЕКА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека согласно Законот за лекови и медицински средства и Методологијата за начинот на утврдување на цените на лековите, спроведена е годишна ревизија на цените на сите лекови, кои се издаваат на рецепт. Ревизијата на цените на лековите, согласно утврдената методологија е една од мерките во светски рамки за намалување на цените на лековите и нивно одржување во рамките на просекот на цените на лековите во референтните земји. Министерството за здравство направи пресек и анализа на лековите што се намалуваат со оваа ревизија на цените.

Како резултат на тоа, се намалени максималните цени на вкупно 336 генерички и 222 оригинаторни лекови, односно таканаречени иновативни лекови. Намалувањето на максималните цени доведува до намалување и на големопродажните и малопродажните цени на лековите, кои ќе важат од 1. април 2018 година. 

Заштедата кај генерички лекови на годишно ниво изнесува 993 илјади евра, додека кај оригинатори, односно иновативни лекови изнесува 1.388.600 евра или вкупно 2.381.600 евра. За компарација, во 2016 година вкупната заштеда кај оригинатори и генерички лекови изнесувала 1.126.000 евра, а во 2017 година вкупната заштеда изнесува 398.315 евра. Со оваа најголема заштеда во лековите досега, граѓаните ќе добијат поевтини лекови и можност за лекување со нови терапии, односно можност за проширување на позитивната листа на лекови. Истовремено, со намалување на болничката цена на лекови ќе се озвозможи зголемување на квалитетот на здравствена заштита.

Министерството за здравство и во иднина ќе продолжни да ја надградува методологијата за цените на лековите како рационална мерка, со цел реално следење на целата политика на лековите во интерес на граѓаните.

Share This Article :

Related Posts