НАПАД ВРЗ ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК И ЗДРАВСТВЕН СОРАБОТНИК ПРИ ВРШЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ Е НЕДОЗВОЛИВО И КАЗНИВО СПОРЕД ЗАКОН

Здравствените работници се грижат за здравјето на сите граѓани во нашата држава. Тие се оние кои прават сѐ за да спасат човечки животи.

Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност е недозволиво и казниво според закон.

Според Законот за здравствена заштита, член 304-г:

(1) Тој којшто ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност како службена дејност и давање на здравствени услуги, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2) Ако при извршувањето на делото од став (1), сторителот со употреба на оружје или друго опасно орудие го малтретира или го навредува здравствениот работник и/или здравствениот соработник или телесно го повреди, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

(3) Ако на здравствениот работник и/или здравствениот соработник му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Ако сторителот на делото од ставовите (1) и (2) на овој член бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на здравствениот работник и/или здравствениот соработник, може да се ослободи од казна.

(4) Ако сторителот на делото од ставовите (1) и (2) на овој член бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на здравствениот работник и/или здравствениот соработник, може да се ослободи од казна.

Министерството за здравство нема да дозволи физичко насилство врз медицинските лица кои секојдневно спасуваат животи во болниците.

Share This Article :

Related Posts