НЕ Е ТОЧНА ИНФОРМАЦИЈАТА ДЕКА НЕМА ЕПИДЕМИОЛОГ ВО ДЕБАР, ИМА ЕПИДЕМИОЛОГ И ДВАЈЦА ИНФЕКТОЛОЗИ ОД СКОПЈЕ, ДА НЕ СЕ ШИРАТ ДЕЗИНФОРМАЦИИ, НА РАСПОЛАГАЊЕ СМЕ ЗА ОДГОВОР НА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ВО КОЕ БИЛО ВРЕМЕ.

Не е точна информацијата која излезе во дел од медиумите дека нема епидемиолог во дебарската болница. Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје, кои дојдоа во поддршка на локалните здравствени работници.

Во моментов нема дефицит на персонал во болницата. Министерството за здравство е во постојана комуникација со болницата во Дебар и доколку се појави недостаток на лекари или персонал – итно ќе биде испратен од околните болници или од клиниките во Скопје.

Апелираме да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции. Министерството за здравство е на располагање за одговор на секое прашање во кое било време.

Сподели на:

Related Posts