НЕМА ПОЖАР И ШТЕТИ ВО ДЕТСКАТА БОЛНИЦА КОЗЛЕ

Од Детска болница Козле ги демантираат инфомациите дека бил предизвикан пожар во болницата. Директорот на Детска болница Козле, д-р Ангелчо Андоновски појаснува дека станува збор само за краткотрајно топење на каблите во еден од тоалетите, поради што превентивно и соглсано протокол за реагирање во вакви ситуации била повикана противпожарна служба. Не се настанати никакви оштетувања, освен незначителна материјална штета.

Директорот апелира да не се шири непотребна паника и напоменува дека децата кои се сместени во тој дел од зградата се безбедни и нема повредени лица.

Сподели на:

Related Posts