НОВ АНГИОГРАФ ЗА ИНСТИТУТОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА ЗА ПОДОБРА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ПАЦИЕНТИТЕ СО СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија е усвоена информација за набавка на нова медицинска опрема – ангиограф за потребите на Институт за радиологија, со средства од програмите на Министерството за здравство.
Вредноста на ангиографот изнесува 60 милиони денари.
Имајќи го предвид растечкиот тренд на кардиоваскуларни болести и посебно болестите на крвните садови, се утврди потребата за набавка на ваков апарат за Институтот за радиологија.
Со набавката на новиот ангиограф во оваа установа дополнително ќе се подигне нивото на здравствената заштита за пациентите со срцеви заболувања.
Станува збор за високософистициран апарат за иследување на крвните садови на мозокот, вратот, аортата, екстремитетите.
Истовремено, со периферната ангиографија се откриваат најчесто стеснувања на артериите кои во текот на прегледот може и да се дилатираат и стентираат, а со тоа истовремено да се изврши и интервентна процедура.

Share This Article :

Related Posts