НОВ КАБИНЕТ ЗА КЛИНИЧКА ИСХРАНА НА КЛИНИКАТА ЗА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на настан на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, каде за првпат во Македонија е во функција Кабинет за клиничка исхрана, со кој се овозможуваат стручни совети на пациентите кои треба да добиваат артефициална исхрана (ентерална или парентерална).

На овој начин, Клиниката за гастроентерохепатологија може да прави редовни контроли на пациентите што се лекуваат во болниците, да им нуди препораки за нивната исхрана според заболувањата, како и контрола и препораки околу нивните прехранбени потреби, со цел побрзо оздравување на пациентите.

Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија во континуитет вложува во зајакнување на капацитетите со опрема, и за таа цел со средства од Фондот за здравствено осигурување на РМ набави нови 25 ендоскопски капсули. Ендоскопската капсула е начин за иследувања на заболувањата на тенкото црево, која е многу значајна особено во делот на рано откривање на повеќе болести и превенција.

 

Сподели на:

Related Posts