НОВА СИСТЕМСКА МЕРКА ЗА ДОМАШНА ПОСТОПЕРАТИВНА ГРИЖА ЗА ОПЕРИРАНИТЕ ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство почнува со нова системска мерка за развој на вонболничка (домашна) постоперативна грижа, информира денеска на прес-конференција државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев.

Сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект, а оперираните пациенти се тие кои ќе имаат најголема корист.

– Целта на оваа мерка е грижа за пациентите во периодот до првата закажана постоперативна контрола во болничката установа, која најчесто се закажува еден месец после хируршката интервенција, истакна д-р Милошев.

За таа цел веќе се назначени здравствени работници, кои телефонски ќе контактираат со пациентот еднаш дневно во првите три дена од отпуштањето од болницата, а потоа еднаш во неделата се до закажаната прва контрола.

– Во овој период пациентот ќе може да се јави за секоја промена на неговата здравствена состојба на определената медицинска сестра за добивање медицински совет на телефоните, кои ќе бидат јавно достапни на веб страната на Министерството за здравство, потенцираше д-р Милошев.

ДОМАШНА ПОСТОПЕРАТИВНА ГРИЖА ЗА ОПЕРИРАНИТЕ ПАЦИЕНТИ – Листа со телефонски броеви

Share This Article :

Related Posts