Објавено на April 25, 2013

Нова веб страна на Биро за лекови

Биро за лекови

Почитувани,

Ве известуваме дека новата веб страна на Бирото за лекови е lekovi.zdravstvo.gov.mk

На веб страната може да ги пронајдете :

  • Сите регистрирани лекови и генерички имиња во Република Македонија,
  • Сите регистрирани аптеки во Република Македонија,
  • Сите регистрирани веледрогерии и носители на одобренија во Република Македонија.

Базите на податоци се директно поврзани со системот за национално закажување и евидентирање на интервенции MojTermin.mk , со базите на Фонд за здравствено осигурување на Македонија и базата на Централен регистар на Република Македонија. Со тоа поврзување ги добиваме последните информации за регистрираните лекови и регистрираните аптеки во Република Македонија.

Исто така министерството нуди БЕСПЛАТЕН сервис до сите програмерски куќи, аптеки и различни клиенти за повлекување на деталните податоци во врска со лековите.

Апликацијата се надградува секојдневно. Сите забелешки и коментари околу истата ги очекуваме на следната E-mail адреса:

lekovi@zdravstvo.gov.mk

Со почит,

Министерство за здравство.

Објавено во: Новости, ПОЧЕТНА