НОВИ ДИРЕКТОРИ ВО ЈЗУ

Почитувани,

Информираме дека минатата недела беа именувани директори и во следните јавни здравствени установи:
– Геронтолошки завод – Салија Љатиф
– Институт за белодробни заболувања кај децата Козле – Ангелчо Андоновски
– Универзитетска клиника за ревматологија – Филип Гучев

Дополнително информираме дека во Психијатриската болница Бардовци останува досегашниот директор, Ќамиљ Ковачи.
Исто така се разрешени економските директори во следните јавни здравствени установи: Клиничка болница Тетово, Клиничка болница Штип, Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, Универзитетска клиника за кардиологија, Универзитетска клиника за кардиохирургија, Универзитетска клиника за клиничка биохемија, Универзитетска клиника за неврохирургија, Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, Универзитетска клиника за пластична хирургија, Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија и Универзитетска клиника ТОАРИЛУЦ.
– Во врска со именувањата на директори во јавните здравствени установи, Министерството за здравство истакнува дека стоиме зад донесените одлуки и веруваме дека заеднички со овие кадри ќе ја реализираме нашата визија за подобро здравство за сите граѓани на Република Македонија. Напоменуваме дека Министерството за здравство редовно ќе ја следи работата на новите ВД директори и ќе реагира доколку изостануваат очекуваните резултати. Воедно, им посакуваме успешна работа на директорите.

Share This Article :

Related Posts

Остави коментар