НОВИ ВОЗИЛА ЗА ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТИ ВО ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА

Државниот секретар во Министерство за здравство, д-р Владимир Милошев денеска ја посети општата болница во Гостивар, по повод предавање во употреба на две нови возила за транспорт на пациенти, обезбедени со поддршка од турската Канцеларија за развој и соработка-ТИКА.

Д-р Милошев изрази огромна благодарност во име на Министерството за здравство до турската Канцеларија за развој и соработка ТИКА за континуираните заложби за унапредување на целокупната здравствена заштита во Република Македонија.

Со донацијата на овие две нови возила за транспорт на пациенти се овозможува навремена здравствена заштита и полесен пристап до здравствените услуги на пациентите од Гостивар и околината. Возилата се целосно опремени и со нив Општата болница Гостивар придонесува за висококвалитетен здравствен систем ориентиран кон граѓанинот. Како и досега, и натаму остануваме отворени за соработка со ТИКА и други организации бидејќи со заедничко делување на локално и на централно ниво ќе ги зајакнеме сите сегменти на здравствениот систем, со цел обезбедување што е можно поквалитетни здравствени услуги за сите граѓани, истакна д-р Милошев.

Share This Article :

Related Posts