ОБЕЗБЕДИВМЕ НАД 30 МОЛЕКУЛИ СКАПА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА, СИТЕ ЖЕНИ СО РАК НА ДОЈКА ИМААТ ТЕРАПИЈА-ВОВЕДЕНА НОВИНА ЗА ДВОЈНО ЧИТАЊЕ МАМОГРАФСКИ СЛИКИ

Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија спроведуваат мерки и активности за подобрување на здравјето и животот на пациентите со рак на дојка.

Сите жени со рак на дојка имаат терапија. Со централизираната набавка обезбедени се над 30 молекули скапа биолошка терапија која не е на позитивната листа на лекови, за да им биде достапна на пациентите во болниците.

Воведена е новина за двојно читање на мамографските слики. Отсега, мамографските снимки за рано откривање рак на дојка ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози, кои треба да имаат искуство на читање мамографски слики од минимум 800 пациентки.

Од оваа година првпат се обезбедени и ортопедски градници, за жените што се оперирани од рак на дојка, како и психолошка поддршка на онколошките пациенти.

Вчера, во Клиничката болница во Битола се пушти во употреба новиот дигитален мамограф, достапен за бесплатни, превентивни мамографски прегледи за сите жени во битолскиот регион, вклучувајќи ги и пациентките од тешко пристапните подрачја. Дигиталниот мамограф е обезбеден преку проектот од ИПА програмата за меѓугранична соработка Грција-Северна Македонија (2014-2020).

Во фаза е централизација на сите онколошки оддели под Клиниката за онкологија во Скопје, со цел да се обезбеди максимална поддршка на пациентите и во другите градови.

Ги повикуваме сите жени да прават редовни лекарски контроли кои се најефикасни за рано откривање и дијагностицирање на болеста. Но, покрај редовните контроли секоја жена треба да прави и месечен самопреглед на дојка.

Share This Article :

Related Posts