ОД 15 АПРИЛ, ЕПИДЕМИСКАТА КРИВА БЕЛЕЖИ ПАД, СПОРЕД ИСХОДОТ ОД ЗАБОЛУВАЊЕТО, 68.7% СЕ ВОДАТ КАКО ОЗДРАВЕНИ

Почитувани,

Согласно статистичката анализа на Институтот за јавно здравје, направена заклучно со 5 мај на 1539 потврдени случаи на ковид-19, инциденцата на 100.000 жители во земјата изнесува 74.7.

Највисока кумулативна инциденца е регистрирана во Куманово со 281.7 заболени на 100.000 жители, потоа во Дебар 183.8, во Прилеп 170.0 и Велес 129.8.

Инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Струга, Штип и Кочани.

Градови кои регистрираат од 0.0 до 0.1 инциденца на 100.000 се Свети Николе, Берово, Ресен, Кратово.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години, а просек е 45.1 година. Најголем број на заболени се на возраст над 60 години (334 лица) или 21.7% со инциденца од 871 на 100.000, а највисока специфична инциденца од 115.1 на 100.000 е регистрирана кај возрасната група од 50 до 59 години (320 лица).

Најниска инциденца од 23.6 и 25.2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0 до 9 и од 10 до 19 години, каде се пријавени 54, односно 63 случаи.

Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (107) е регистриран на 15 април, 2020 година. Од тогаш, бројот на заболени, односно епидемиската крива бележи пад и соодветно на тоа, од 25 април до 2 мај регистрирани се под 30 нови случаи, а од 2 до 5 мај регистрирани се под 15 нови случаи на ковид-19.  

Од пријавените случаи 23.2% (357 лица) се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле или се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Кај 33.5% (516 лица) од дијагностицираните не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Регистрирани се 88 смртни случаи и согласно ова стапката на смртност изнесува 5,7%. Од регистрираните смртни случаи најголем дел се на возраст над 60 години (57 лица). Од починатите кај 75% (66 лица) се регистрирани коморбидитети.

Од 15 февруари до 5 мај, тестирани се вкупно 17863 материјали во лабораториите во кои се спроведуа молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Според исходот од заболувањето, 25.6% се активни случаи, 68.7% се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашно лекување.

Во прилог Ви ја испраќаме и презентацијата од Институтот за јавно здравје, заклучно со 05.05.2020 година.

Share This Article :

Related Posts