ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО И 73 ГОДИНИ ЦРВЕН КРСТ НА РМ

Црвениот крст на Република Македонија одбележа 73 години од своето постоење и 23 години од полноправното членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвена полумесечина.

На настанот се обрати министерот за здравство, д-р Венко Филипче, кој истакна дека Црвениот крст на РМ е сериозен партнер во активностите, кои заеднички се преземаат за унапредување на здравствената заштита на сите граѓани во нашата држава.

Министерството за здравство, секоја година одвојува посебна сума, во рамки на Програмата за организирање и унапредување на крводарителството, а за годинава тие се зголемени за еден милион денари и сумата изнесува 15 милиони денари

Крводарителите се едни од најхуманите луѓе и во нивна чест, Денот на формирањето на Црвениот крст е и Ден на крводарителството во Република Македонија.

 

Share This Article :

Related Posts