Објавено на април 11, 2017

Светски ден на здравјето: Терапија за депресија лани добиле 55.000 пациенти

Tod foto Sv den zdravje 2017Според податоците од националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој термин“, во 2016 година, 55.000 пациенти се упатени на повисоко ниво на здравствена заштита или се упатени да подигнат лек на рецепт со дијагноза депресија. Тоа е околу 2,75 отсто од вкупното население, што е помалку од просекот според Светската здравствена организација, кој се движи од 3,8 до 6,3 отсто, истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, на свечениот собир кој го организираше Македонското лекарско друштво по повод 7 април, Светски ден на здравјето. Според стручните лица во оваа област, треба да се има предвид дека за оваа состојба се уште постои стигма и токму затоа со центрите за депресија низ државата целта е да се надмине стигмата и да се охрабрат тие лица да побараат стручна помош. 

– Според анкетата спроведена од Институтот за медицина на трудот околу 70 проценти од испитаните доктори (околу 1.200) се изјасниле дека не можат точно да ги препознаат симтомите на депресија. Министерството за здравство ова го препозна и затоа предвидовме едукација на матичните лекари за рано препознавање и дијагностицирање на депресија, посочи Тодоров, укажувајќи дека во системот „Мој термин“ констатирале дека оваа година е дијагностицирана депресија кај едногодишно дете. Обврската на лекарите, потенцира, е точно да ги препознаат симптомите и да постават прецизна дијагноза.

jovank-foto mldПовелба за најголеми достигнувања во здравствениот сектор „Трифун Пановски“ годинава добија четворица лекари меѓу кои и д-р Јованка Костовска, државен советник во Министерство за здравство.

Јавно здравствениот систем во нашата земја е претставен со три специјални психијатриски болници, психијатриски одделенија во шест општи и три клинички болници, како и Универзитетска клиника за психијатрија-Скопје, како установа од терциерно ниво. Треба да се има во предвид дека депресијата е болест на современото општество и во нејзиниот третман потребно е да се вклучат не само професионалците во областа на менталното здравје, туку и останати стручни лица, како што се социолози, психолози, педагози и друг соодветен кадар.

Министерството за здравство пред три години почна посебен проект за унапредување на менталното здравје, при што се отворени поголем дневни центри за лекување депресија во здравствените домови низ целата држава, со цел превенција на депресијата, истовремено исклучувајќи ги аспектите на стигматизација. Само на територијата на град Скопје, во пет поликлиники функционираат Центри за депресија, а досега во Центрите за депресија услуга побарале над триста лица. Со отворање на Центрите за депресија овозможивме дополнување на здравствениот систем во областа на душевното здравје.

Претседателот на Македонското лекарско друштво, Горан Димитров посочи дека во регионот има одредени земји кои се далеку послаби од Македонија во делот на здравството. Во врска со стручната оспособеност на лекарите, посочи дека македонските лекари кога ќе отидат во странство се многу почитувани. Според него, тоа укажува дека континуираната медицинска едукација на лекарите е одлична. mld sv den zdr 2017

Во врска со состојбата со депресијата или како стои Македонија во однос на другите држави, додаде дека Македонија стои многу подобро, имајќи предвид дека просекот за оваа дијагноза е далеку понизок од оној утврден од СЗО.

Објавено во: Новости