ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

Мaкедонското лекарско друштво, по повод Светски ден на здравјето одржа свечен собир, на кој се обрати министерот за здравство, д-р Венко Филипче, потенцирајќи ја посветеноста на Владата и на Министерството за здравство во унапредувањето на јавното здравје. Се осврна на реализираните проекти во здравството и нагласи дека еден од главните приоритети е осовременување на каленадрот на имунизација.

– Ќе воведеме нови две вакцини, од рота вирис и пневмокок, при што ќе се формира и национално координативно тело, кое ќе го контролира процесот на имунизација, од внесот на вакцините кај нас до крајниот корисник. Првпат направивме попис на расположливите вакцини во сите здравствени институции кај нас, информираше министерот Филипче, посочувајчи дека при крај на месецот ќе се реализираат интензивни кампањи за подигање на свеста на населението и здравствените работници за важноста од вакцинацијата, потенцираше министерот Филипче. 

Сите сме свесни дека ова е огромен предизвик, а за почеток е потребен сеопфатен пристап и евалуација на сите фактори, човечкиот, системот, поставеноста и свеста.

Министерот Филипче, меѓу другото посочи дека се во тек повеќе сериозни реформи, при што Министерството е посебно фокусирано на:

  • Подигнување на квалитетот на здравствените услуги за пациентите со обезбедување пристап и можности за секој и секаде
  • Подигање на дигнитетот на здравствените работници
  • Подобрување на инфраструктурата на постојните објекти
  • Инвестиција во капитални објекти
  • Промена на легислативата
  • Реформа во начинот на здравствено осигуруваање
  • Целосна електронска интеграција на сите ЈЗУ

На одбележувањето на Светскиот ден на здравјето, присуствуваше и заменик министерот за здравство, д-р Гоце Чакаровски, како и претставници од МАНУ, декани на медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип, директори на приватни и јавни здравствени установи.

 

Share This Article :

Related Posts