ОДРЖАН БРИФИНГ ПО ПОВОД ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈАТА

Во Министерството за здравство се одржа стручен брифинг за најава на претстојните активности за одбележување на Европската недела на имунизација.

Централниот настан по тој повод ќе се одржи во сабота 21 април), во Градски парк, на бина-Школка, со почеток во 12 часот. 

На овој забавно-едукативен настан ќе учествуваат деца од градинките и училиштата од Скопје, нивните родители и наставници, а се реализира со поддршка од Здравствен Дом-Скопје, СЗО, УНИЦЕФ, Град Скопје, Министерство за образование, Министерство за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија.

Ве покануваме на заедничко дружење и заедно-заштитени, да ја кренеме свеста за потребата од имунизација!

Евопската недела на имунизација, годинава по 13. пат се одбележува во периодот од 23 до 29 април, под мотото „Заштити спречи, вакцинирај“.

На стручниот брифинг беше посочено дека се прави комплетно осовременување на Календарот за имунизација, при што место постојните поединечни вакцини кои се даваа на возраст на 7 и 14 години, се воведуваат две нови комбинирани вакцини, кои ќе се дваат на 6 и 14 години. Со овие вакцини комплетно се заменува живата атенуирана вакцина против парализа со инактивна мртва вакцина против парализа, што е всушност и препорака на Светската здравствена организација.

Исто така воведуваме и нови вакцини кои заштитуваат од стрептококус пнеумоние и од рота вируси, причинители на тешки заболувања проследени со компликации кои најчесто се јавуваат кај малите деца до 5 годишна возраст. Со овие промени ќе имаме комплетно осовремен календар за имунизација, согласно препораките на СЗО, со вклучени нови вакцини кои се веќе во употреба во европските земји.

Министерството за здравство подготвува и голема сеопфатна кампања за вакцинација кде ќе бидат опфатени и едуцирани здравствени работници со цел зголемување на комуникациските вештини стекнување на доверба кај родителите, а ќе бидат организирани и предавања за родители, со цел нивно поблиско запознавање со безбедноста квалитетот и бенефитите од вакцините, со спремност на одговор на секое поставено прашање.на овој начин очекуваме зголемување на опфатот со сите вакцини да не дозволиме долгогодишната традиција на успешна вакцинација да ја нарушиме, а со тоа да не дозволиме појава на заразни болести и епидемии во државата.
Првпат годинава ќе бидат набавени и бесплатни вакцини за грип за лицата над 65 години како најризична група на население кај кои грипот дава компликации и несакан исход.

Share This Article :

Related Posts