Oдржана четвртата седница на Комитетот за безбедно мајчинство и здраво новородено

Во Министерството за здравство се одржа четвртата седница на Комитетот за безбедно мајчинство и здраво новородено, на која претседателот на Комитетот доц.д-р Ана Данева Маркова го предложи за усвојување шестмесечниот Акцискиот план со мерки за намалување на матернална и перинатална смртност кој ќе се однесува за периодот септември 2018 до фебруари 2019 година.

Планот е подготвен на Работилница подржана од УНИЦЕФ, како и и техничка и експертска помош од СЗО И УНФПА  и истакнати членови на Комитетот и истиот претставува сет од итни и остварливи мерки и активности кои ќе допринесат за намалување на матернална и перинатална смртност во РМ. Паралелно со овој процес ќе следи процес на развивање на 5 годишен Акциски план со долгорочни активности .

Акцискиот план е комплементарен со  Акцискиот план за сексуално и репродуктивно здравје на РМ за период 2018-2023 кој вчера на 12.09,2018 е усвоен на седница на Влада на РМ и на овој начин се постигнува координирана имплементација на активностите на сите релевантни чинители.

Сподели на:

Related Posts