Одржана конференција „Нови хоризонти во електронското здравство“

Во организација на Министерството за здравство, во сабота (01.03.2014), во конгресниот центар СЦ „Борис Трајковски“ се одржа конференција, на тема – „Нови хоризонти во електронското здравство“. На конференцијата стана збор за развојот, достигнувањата и идните планови на Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој Термин“. За таа цел, преку динамични презентации беше прикажан системот Мој Термин од сите свои аспекти.
Од име на Министерството за здравство, присутните ги поздрави Јован Грповски, државен советник во министерството. Презентери на конференцијата беа претставници од  Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Здравствен дом-Скопје, УК за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, софтверската компанија ФИДКО и од домаќините-Министерството за здравство. На конференцијата учествуваа администратори и лекари од јавните здравствени установи, претставници од ФЗОМ, софтверски компании, здруженија на лекари и други.
Во презентациите беа изнесени анализи и податоци за досегашното работење, беа прикажани процесите кои сега се користат во Мој термин, како и најава за идните планови за развој на системот. Меѓу другото, беше укажано дека во изминатите шестмесеци се евидентирани над милион и двесте илјади пациенти колку што има и евидентирани електронски здравствени картички и се реализирани над 2 ипол милиони упати и 13 милиони рецепти.
Пораката која е испратена од сите учесници на конференцијата е дека со Мој Термин се отворени нови хоризонти во електронското здравство, со желба за што побрза реализација на мотото – Да и кажеме збогум на хартијата!
Сподели на:

Related Posts

Остави коментар