Одвикнување од канабис кај адолесцентите: Искачување наместо пушење канабис

Дувањето со пријателите, безопасна забава? Млади луѓе кои редовно користат хаш, често страдаат од социјални и академски проблеми. Во детска болница во Хановер лекарите им помогаат на своите пациенти да се вратат на секојдневниот живот.

Хановер – Од својот прв ден на “Тиин Спирит Исланд” младите пациенти мора да ја прекинат врската со нивниот поранешен живот. Мобилниот телефон им се одзема,облеката се пере, за прв пат по три месеци им е дозволено да ги посетат родителите и пријателите во татковината.

Во именуваната по песна на Нирвана детска болница во Хановер, постојат 18 третман места за млади зависници од дрога. При основање во 1999 година, ја посетуваа главно уживатели на канабис, потоа алкохоличари, а од неодамна доаѓаат и зависници од интернет и компјутерски игри.

Канабисот е најчесто користена недозволена супстанца, според податоците на надлежните служби за борба против дрогата. Околу два милиони луѓе во Германија редовно пушат канабис. Левите и Зелените политичари се залагаат за легализација на супстанцата и декриминализација на корисниците. Лекарот Кристоф Мулер, основач на “Тиин Спирит Исланд “, сепак предупредува од либералното ракување: “Тоа ќе биде омаложувачка порака до општеството, а особено до младите луѓе.”

14-годишниците кои дневно пушат неколку грама трева
Во книга “Зависноста на младите” анонимно претставува поранешни пациенти. 14-годишниот Петар раскажува, “најчесто бевме тројца и дневно пушевме по десет грама.” 16-годишната Алиша се сеќава дека дома можела да пуши трева со нејзините зависни родители колку што сака. “Со дрогата можев да го заборавам она што ми го направија моите родители.”

Високата дрвена ограда, која го опкружува установата, Алиша не ја доживува како ограничување. “Оградата делува заштитнички од надворешниот свет,” вели таа. Просторот внатре изгледа како урбан младински центар. На стол лежи голем кадифен лав. Сепак правилата се строги: Додека многумина не станувале од креветот пред пладне во поранешниот живот, тука денот започнува во 7 часот. “Ако некој остане да лежи, тогаш вечерта целата група мора да биде во кревет половина час порано”, вели Мулер.

“Внимание училиште!” стои на вратата. Младите претпазливо се враќаат во структурирана дневна рутина. Поважни од математиката и германскиот се спортот, делата и уметноста. Главниот лекар вели: “Кога џогираат или се искачуваат, учат на законски начин да задаваат удари.”

Пари за превенција, наместо казнување
Германската асоцијација, која води кампања за легализација на марихуаната, не одрекува дека постојат зависници. “Колку порано започнуваат, толку е поголем ризикот”, вели извршниот директор Георг Вуртх. “Големата сума на пари од законското гонење, треба да се пренасочи во превенција,” вели тој. Нема смисла, марихуаната потешко да се третира од далеку поштетната по здравјето на човекот зависност, алкохолот, вели Вуртх.

Во повеќето сојузни држави е неказниво поседувањето на помалку од шест грама канабис. Во Рајнланд -Фалц и Северна Рајна-Вестфалија, границата е зголемена на десет грама, во Берлин, таа е 15 грама. Долна Саксонија не успеа изминатата недела на конференцијата на министри за правда да создаде единствена национална граница.

“Телесната зависноста од пушењето трева не е толку силна како алкохолот,” признава Мулер. “Сепак доаѓа до долготрајна,зголемена употреба заради речиси сите општествени и академски проблеми кои сериозно го ограничуваат животот.”

Како што покажуваат истражувањата прекумерното пушење марихуана  води до далеку поголем ризик од психоза. Тие подоцна можат да заболат од психички болести кои се поврзани со нарушувања на меморијата, илузии и халуцинации. Оттука психијатрите препорачуваат дека младите адолесценти треба да се вклучени во посебни програми за превенција, дури и ако се фатени со мали количини на канабис.

Share This Article :

Related Posts