ОГЛАСИ – ПРОЕКТНА ЕДИНИЦА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ДОГРАДБА НА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ВО РМ

 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

О Г Л А С

за искажување интерес

за работа во Проектна единица за имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи во РМ за следната позиција:

Електроинженер

Обврски и одговорности:

Составен дел е од тимот за имплементација  на Проектот за реконструкција и доградба на објектите на ЈЗУ во РМ, одговорен за конкретен дел од изведбата (согласно искуството во областа).

Изработува проектни задачи и ги координира активностите  на проектантите и ревидентите од соодветната област. Врши ревизија на проектна документација (контрола на пресметки, технички спецификации и количини во предмер пресметка).

Учестува во подготовка на тендерска документација и евалуација според Закон за јавни набавки и според процедурите на Светска Банка и FIDIC.

Врши надзор над квантитетот и квалитетот на изведбените работи, ги координира и контролира работите на изведувачот и надзорниот орган, соодветно за областа за којашто е ангажиран.
Асистира на техничкиот координатор и техничкиот директор.

Дава поддршка на процесот за мониторинг и евалуација на проектите.

Вештини:

  • Искуство и добри препораки во областа на елекротехника;
  • Способност за ефективна комуникација (на македонски и англиски јазик – усно и пишано);
  • Способност за работа со еден или со повеќе тимови;
  • Способност за поставување приоритети и силни организациски вештини;
  • Способност за изготвување извештаи;
  • Проактивен пристап и ориентираност кон решавање проблеми;
  • Важечка возачка дозвола–Б категорија.

Образование:

  • Висока стручна спрема – студии од областа на електротехника

Искуство:

Најмалку 5 (пет) години професионално искуство во соодветната област

  • искуство во проектирање, ревизија, изведба или надзор на здравствени објекти ќе се смета за предност;
  • одлично познавање англиски јазик;
  • изработка на проекти и/или ревизија на проектна документација во делот на електрични инсталации (високо струјни и нискострујни инсталации) и електрични слабострујни инсталации и автоматика за климатизација;

 

  • изведба и/или надзор над изведба на електрични инсталации (високострујни и нискострујни инсталации);
  • познавање од областа на автоматика – SCADA , PLC контролери со BACNet или LON протоколи на комуникација;
  • познавање релевантнтни стандарди од областа (проектирање и изведба на здравствени објекти);
  • искуство и познавање FIDIC ќе се смета за предност;
  • работа со компјутери и канцелариски софтвер пакети (Auto CAD , MEP software , Word-processing , Excel , Power point, датабази и интернет

Заинтересираните кандидати може да се пријавуваат до 13 септември 2018 година и за оваа позиција потребно е да достават биографија (CV), мотивациско писмо, сертификат за познавање англиски јазик и останата документација, во архивата на Министерство за здравство (или по пошта на адреса: ул.50 Дивизија бр.14), или на е-пошта marija.nikolovska@zdravstvo.gov.mk со НАЗНАКА – оглас за Проектна единица за реконструкција на ЈЗУ.

 

 

         

 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

 

О Г Л А С

за искажување интерес

за работа во Проектна единица за имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи во РМ за следната позиција:

Машински инженер

Обврски и одговорности:

Составен дел е од тимот за имплементација  на Проектот за реконструкција и доградба на објектите на ЈЗУ во РМ, одговорен за конкретен дел од изведбата (согласно искуството во областа).

Изработува проектни задачи и ги координира активностите  на проектантите и ревидентите од соодветната област. Врши ревизија на проектна документација (контрола на пресметки, технички спецификации и количини во предмер пресметка).

Учестува во подготовка на тендерска документација  и врши  евалуација на понудите, според Закон за јавни набавки и според процедурите на Светска Банка и FIDIC.

Врши надзор над квантитетот и квалитетот на изведените работи, ги координира и контролира работите на изведувачот и надзорниот орган, соодветно за областа за којашто е ангажиран.
Асистира на техничкиот координатор и техничкиот директор.

Дава поддршка на процесот за мониторинг и за евалуација на проектите.

Вештини:

  • Искуство и добри препораки во областа на машинството;
    Способност за ефективна комуникација (на македонски и англиски јазик – усно и пишано);
  • Способност за работа со еден или со повеќе тимови;
  • Способност за поставување приоритети и силни организациски вештини;
  • Способност за изготвување извештаи;
  • Проактивен пристап и ориентираност кон решавање проблеми;
  • Важечка возачка дозвола–Б категорија

Образование:

  • Висока стручна спрема – студии од областа на машинствотo

Искуство:
Најмалку 5 (пет) години професионално искуство во соодветната област

  • искуство во проектирање, ревизија, изведба или надзор на здравствени објекти ќе се смета за предност;
  • одлично познавање англиски јазик;
  • изработка на проекти и/или ревизија на проектна документација во делот на машинство–термотехника, медицински гасови, пневматски транспорт, лифтови, ескалатори;
  • изведба и/или надзор над изведба на машински инсталации – термотехника, медицински гасови, пневматски транспорт, лифтови, ескалатори
  • познавање релевантни стандарди од областа (проектирање и изведба на здравствени објекти);
  • искуство и познавање FIDIC ќе се смета за предност;
  • работа со компјутери и канцелариски софтвер пакети (Auto CAD , MEP software , Word-processing , Excel , Power point, датабази и интернет).

Заинтересираните кандидати може да се пријавуваат до 13 септември  2018 година и за оваа позиција потребно е да достават биографија (CV), мотивациско писмо, сертификат за познавање англиски јазик и останата документација, во архивата на Министерство за здравство (или по пошта на адреса: ул.50 Дивизија бр.14), или на е-пошта marija.nikolovska@zdravstvo.gov.mk со НАЗНАКА – оглас за Проектна единица за реконструкција на ЈЗУ .

 

 

 

Share This Article :

Related Posts