ОГЛАС – Управа за електронско здравство

mojterminУправа за електронски евиденции во здравството – МојТермин

 

 

 

Во насока на зајакнување на шалтерските капацитети во јавните здравствени установи, краткорочно и долгорочно намалување на времето на чекање на шалтер, односно растоварување на гужвите на шалтерите, се формира Проектна единица за унапредување на работата на шалтерите во ЈЗУ. За таа цел, Управата за електронско здравство – МојТермин објавува

                                  ОГЛАС ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС

за следните работни позиции во рамки на новата Проектна единица:

  • 1 извршител од областа на информатичка технологија
  • 1 извршител економист или со образование од областа на природни/технички науки
  • 1 извршител од областа на медицински науки
  • 1 извршител од областа на медицински науки – доктор, стоматолог, фармацевт

Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено високо образование и познавања од областа на управување со процеси, организации и менаџмент со човечки ресурси, како и одлично познавање на англиски јазик, а за пријавување на огласот треба да достават: кратка биографија, писмо за интерес, како и предлог-мерки за унапредување на работата на шалтерите во јавните здравствени установи. Доставените предлог-мерки ќе бидат клучни при оценување на пријавените кандидати.

Работните активности во рамки на Проектната единица ќе се состојат од континуирано следење на функционирањето на шалтерите во јавните здравствени установи, организација на едукација на шалтерските работници, подготвување и реализација на акциски планови за краткорочно и долгорочно намалување на времето на чекање, како и целокупно унапредување на овој сегмент од функционирањето на јавните здравствени установи.

Потребната документација може да се достави во архивата на Министерството за здравство, или по пошта на адресата: ул. 50 Дивизија бр.14, 1000 Скопје, со назнака: „Оглас за изразување интерес за Проектна единица за унапредување на работата на шалтерите во ЈЗУ“.

Рокот за пријавување е до 25 ноември 2015 година.

Download (DOC, 79KB)

Share This Article :

Related Posts

Остави коментар