ОГЛАС ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС – 1 извршител правник со положен правосуден испит

Управа за електронско здравство – МојТермин

Во насока на зајакнување на шалтерските капацитети во јавните здравствени установи, краткорочно и долгорочно намалување на времето на чекање на шалтер, односно растоварување на гужвите на шалтерите, се формира Проектна единица за унапредување на работата на шалтерите во ЈЗУ. За таа цел, Управата за електронско здравство – МојТермин, објавува

ОГЛАС ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС

за следната работна позиција во рамки на новата Проектна единица:

  • 1 извршител правник со положен правосуден испит

Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено високо образование и претходно работно искуство во областа, како и одлично познавање на англиски јазик (ќе биде организирано тестирање за англиски јазик за сите што нема да приложат некој од следните сертификати: АПТИС (APTIS), БУЛАТС (BULATS), ЦАЕ (CAE), ИЕЛТС (IELTS), ФЦЕ (FCE), БEК (BEC), ПET (PET), КЕТ (KET), ИЛЕК (ILEC), ТОЕФЕЛ ПБТ (TOEFL PBT), ТОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFL CBT), ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT).

Работните активности во рамки на Проектната единица ќе се состојат од континуирано следење на функционирањето на шалтерите во јавните здравствени установи, едукација на шалтерските работници, подготвување и реализација на акциски планови за краткорочно и долгорочно намалување на времето на чекање, како и целокупно унапредување на овој сегмент од функционирањето на јавните здравствени установи.

Потребната документација може да се достави во архивата на Министерството за здравство, или по пошта на адресата: ул. 50 Дивизија бр.14, 1000 Скопје, со назнака: „Оглас за изразување интерес за Проектна единица за унапредување на работата на шалтерите во ЈЗУ“.

Рокот за пријавување е до 25 ноември 2015 година.

Download (DOC, 78KB)

Share This Article :

Related Posts

Остави коментар