Оглас за изразување интерес за матичен доктор во рурални подрачја

grb-na-rm

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Во рамки на заложбите за овозможување континуирана здравствена заштита за граѓаните, Министерството за здравство објавува

ОГЛАС ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС

 за отворање на нова ординација по општа медицина/на организациона единица на постојна ординација по општа медицина во рурални подрачја

 Се повикуваат доктори на медицина да изразат интерес за отворање на нова ординација по општа медицина или организациона единица на постојна ординација по општа медицина во следните населени места:

 

Здравствен дом
Населени места
Здравствен дом Велес
с. Иванковци
с. Богомила
Бузалково (без руралност), без обврска за вработување медицинска сестра, со обврска за покривање пункт во с. Извор
Здравствен дом Кратово
Седиште во Страцин, со обврска да згрижува два дена во с. Секулица
Здравствен дом Крива Паланка
Седиште во с. Ранковце
Здравствен дом Охрид
с. Пештани, со обврска да згрижува два дена во с. Љубаништа и еден ден во с. Трпејца
Здравствен дом Прилеп
с. Витолиште
Здравствен дом Пробиштип
с. Долни Стубол
Здравствен дом Македонски брод
с. Локвица
с. Долни Манастирец
Здравствен дом Гевгелија
с. Николиќ (општина Дојран)
с. Фурка (општина Дојран)
Здравствен дом Дебар
с. Горно Косоврасти
Здравствен дом Кичево
с. Другово
с.Лешница
Здравствен дом Струмица
с.Ново Коњарево (општина Ново село)
Здравствен дом Штип
с. Крупиште (општина Карбинци)
с. Лакавица
Здравствен дом Тетово
с.Мерово
Здравствен дом Куманово
с.Арбанашко

Ординациите по општа медицина ќе бидат отворени во амбуланти на здравствените домови во овие населени места. Поради тоа во наредниот период здравствените домови ќе спроведат постапки за издавање под закуп на овие амбуланти согласно Законот за здравствената заштита. Заинтересираните доктори на медицина треба да учествуваат во постапката за издавање под закуп на амбулантите. Право да отвори нова ординација по општа медицина/организациона единица на постојна ординација по општа медицина ќе има докторот на медицина кој склучил договор за закуп на амбулантата.

Склучениот договор за закуп на амбулантата заинтересираните доктори на медицина ќе го достават до Министерството за здравство заради поведување на постапка за отворање на ординација/организациона единица.

Новоотворената ординација по општа медицина/организациона единица на постојна ординација по општа медицина ќе склучи договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија и ќе ги има следните поволности:

  • Исплата на зголемен износ на капитација согласно критериумите за рурални подрачја определени од ФЗО на РМ (најмногу 90,000 денари за месец, и најмалку 60,000 денари за месец. Од 01 Јули 2016 година – најмногу 99,000 денари за месец и најмалку 66,000 денари за месец) зависно од вкупниот број осигурени лица кои ќе ги згрижи лекарот.
  • Можност самостојно да укажува здравствена заштита без учество на медицинска сестра во тимот, но не подолго од 24 месеци од основањето на ординацијата по општа медицина/организациона единица на постојна ординација по општа медицина, се додека докторот на медицина не го изберат како избран лекар 700 пациенти, по што постои обврска да се комплетира тимот.

Заинтересираниот доктор на медицина треба да има положен стручен (државен) испит и лиценца за работа.

Лекарот треба да обезбедува примарна здравствена заштита за жителите од ова населено место и околината, кои во изминатиот период патувале до најблиските населени места за преглед кај матичен доктор. Со ангажирањето матичен доктор, целта е оваа здравствена услуга да биде достапна за жителите поблиску до местото на живеење.

Лекарот има обврска да биде достапен за телефонски консултации со пациентите на службен телефон во текот на работното време. Лекарот има обврска телефонски да ги контактира пациентите кои ги згрижува еднаш во три месеци со цел да ја мониторира здравствената состојба на пациените.

Лекарот има право на надоместок на гориво за поминати сите релации над 25 километри а кои има обврска да ги патува со цел да пружи здравствена заштита на своите пациенти.

Заинтересираните кандидати можат да ја достават потребната документација во архивата на Министерството за здравство, или по пошта на адресата: ул. 50 Дивизија бр.14, 1000 Скопје, со назнака: „Оглас за изразување интерес за матичен доктор во рурални подрачја“.

Рокот за пријавување е 5 дена од денот на објавување на огласот.

Share This Article :

Related Posts