Објавено на јуни 21, 2016

Оглас за изразување интерес за посебни советници за прашања поврзани со здравството во Кабинетот на Министерот за здравство

grb-na-rm

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

 

Согласно Законот за вработените во јавниот сектор, раководното лице на институцијата во јавниот сектор може преку склучување договор за вработување на определено работно време да пополни посебни работни места во кабинетите на министрите, заради извршување на работни задачи на посебни советници.

Со цел дополнително кадровско зајакнување на Кабинетот, во согласност со одредбите на Законот за вработените во јавниот сектор, Министерството за здравство објавува

ОГЛАС ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС

за посебни советници за прашања поврзани со здравството во Кабинетот на Министерот за здравство (3 извршители), од кои:

  • 1 посебен советник со завршено високо образование од областа на природни науки, технички науки, или општествени науки
  • 1 посебен советник – доктор на медицина
  • 1 посебен советник – дипломиран фармацевт или магистер по фармација

Покрај наведените услови за областите на завршено високо образование, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:

  • Одлично познавање англиски јазик, за кое кандидатот треба да поседува соодветен сертификат (TOEFL или друга меѓународно призната диплома)
  • Стекнато работно искуство во соодветната област од најмалку 10 години по дипломирањето

Завршени последипломски студии, како и познавање на втор јазик (француски, германски, италијански јазик) ќе се сметаат за предност при селекцијата на кандидатите.

Согласно законските одредби, посебните советници во Кабинетот на Министерот склучуваат договор за вработување на определено работно време, а вработувањето трае до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработени. За времетраењето на договорот за вработување во кабинетот, на посебните советници им мирува работниот однос во институцијата или компанијата во која дотогаш работеле.

Правата и должностите на посебните советници се уредуваат со општите прописи за работните односи.

Потребна документација за пријавување на огласот:

  • Кратка биографија
  • Писмо за интерес (со наведени телефонски број и e-mail адреса за контакт)
  • Диплома за завршено високо образование
  • Сертификат за познавање англиски јазик (TOEFL или друга меѓународно призната диплома)

Доколку кандидатот исполнува некој од горенаведените услови кои ќе се сметаат за предност при селекцијата, потребно е да достави соодветен документ како доказ за исполнетоста на условот.

Заинтересираните кандидати можат да ја достават потребната документација (копии од документите) во архивата на Министерството за здравство, или по пошта на адресата: ул. 50 Дивизија бр.14, 1000 Скопје, со назнака: „Оглас за посебни советници за прашања поврзани со здравството во Кабинетот на Министерот за здравство “.

Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавување на огласот.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

 

Објавено во: Новости, ОГЛАСИ, ПОЧЕТНА