ОГЛАС ЗА РАБОТА НА ПРОЕКТ ВО РАМКИ НА ИПА МЕЃУГРАНИЧНА СОРАБОТКА СО ГРЦИЈА

 

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

објавува

О Г Л А С

за работа на проект во рамки на ИПА меѓугранична соработка со Грција:

EX-INFO: Унифициран информатички систем за размена на информации меѓу единиците во примарната здравствена заштита во меѓуграничниот регион

За следните работни позиции:

 

1.Проектен  менаџер – квалификуван  за управување со проекти на ЕУ

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

– завршено високо образование VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС;
– работно искуство – минимум три години

– претходно искуство со раководење на проекти

– претходно искуство во работа со проекти финансирани од ЕУ ( за предност ќе се смета претходно искуство од работа на ИПА проекти ), или работа на меѓународни проекти;

– подготовка и навремено доставување на сите извештаи за активности и имплементација на проектот

– подготовка и доставување на финални извештаи и наративен извештај
– способност за кореспонденција и комуникација со институции во земјата и странство. 
– способности за презентирање и советување

– одлично познавање на говорен и пишан македонски и англиски јазик

– одлични компјутерски вештини

– способност за организација, планирање и имплементирање работни задачи, способност за работа под притисок

– комуникациски способности, способности за тимска работа

– искуство во организација на јавни настани, конференции.

 

  1. Финансиски менаџер

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

– завршено високо образование од областа на економски науки;
– работно искуство релевантно на универзитетската диплома – минимум три години

– претходно искуство со финансиско раководење на проекти

– претходно искуство во работа со проекти финансирани од ЕУ ( за предност ќе се смета претходно искуство од работа на ИПА  проекти ), или работа на меѓународни проекти;

– спроведување на постапките предвидени за јавни набавки на стоки и услуги (според националното законодавство и законодавството на ЕУ)

– одлично познавање на говорен и пишан македонски и англиски јазик

– одлични компјутерски вештини

– способност за организација, планирање и имплементирање работни задачи, способност за работа под притисок

– комуникациски способности, способности за тимска работа

 

  1. Помошник на проектниот менаџер

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

– завршено високо образование VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС;
– работно искуство – минимум две години

– претходно искуство во работа со проекти финансирани од ЕУ или меѓународни проекти ( за предност ќе се смета претходно искуство од работа на ИПА  проекти )

-одлично познавање на говорен и пишан македонски и англиски јазик

– одлични компјутерски вештини

-способност за организација, планирање и имплементирање работни задачи,

 -способност за работа под притисок

-комуникациски способности,

-способности за тимска работа

-искуство во организација на јавни настани, конференции..

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:
– Кратка биографија (Europass)

– копија од диплома и уверение за положени испити; 
– потврда за работно искуство со препорака;

Ангажирањето е за определен временски период со полно работно време и хонорарот се исплаќа по работни пакети.
Заинтересираните кандидати потребните документи да ги достават во рок од 5 работни дена на следната адреса:

Министерство за здравство

Ул. 50 Дивизија бр. 14

1000 Скопје

За Kабинет на министер со назнака за ИПА меѓугранична соработка со Грција: EX-INFO

Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју. 

 

 

 

Share This Article :

Related Posts