Оглас за стручно оспособување и усовршување во Кембриџ-Центар за трансплантација

Министерството за здравство следејќи ја заложбата за континуирана доедукација на здравствениот кадар објавува оглас за супспецијализација во Кембриџ-Центар за трансплантација на двајца доктори-хирурзи од јавните здравствени установи. Супспецијализацијата во период од 2 години ќе се врши во Одделот за хирургија во Кембриџ-Центар за трансплантација.

Линк до огласот: Оглас за стручно оспособување и усовршување во Кембриџ-Центар за трансплантација

Огласот е со важност до 30.09.2016 (петок). Изборот на кандидатите ќе го направи тим од Кембриџ Центар за трансплантација. Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на меил: kabinet@zdravstvo.gov.mk; olivera.gjorgjimajkoska@zdravstvo.gov.mk; или да достават писмена апликација до архивата на Министерство за здравство, ул. „50 Дивизија“ бр.14, 1000 Скопје, со назнака: ОГЛАС за стручно оспособување и усовршување здравствени работници во Кембриџ-Центар за трансплантација.

Share This Article :

Related Posts

Остави коментар