ОВОЗМОЖУВАМЕ ПОБРЗИ И ПОКВАЛИТЕТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ, КАПАЦИТЕТОТ НА ИТНАТА ПОМОШ ЗАЈАКНАТ СО 12 НОВИ ВОЗИЛА

Примарната здравствена заштита е основа на здравствениот систем и затоа зајакнувањето на нејзините капацитети е од круцијално значење за подобрување на здравствената заштита на граѓаните во Република Северна Македонија.

Со новите 12 возила на Итната медицинска помош, за пациентите овозможуваме неопходната здравствена услуга да ја добијат многу побрзо и таа да биде уште поквалитетна. Дополнително, во голема мера ги подобруваме и условите за работа на здравствените работници. 

Возилата се опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од вкупно 12 амбулантни возила ќе бидат наменети за градот Скопје, додека пак останатите ќе бидат распределени во градовите каде што има потреба од нив.

Инаку, при набавката на амбулантните возила Министерството за здравство заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра. Постигнувајќи ја најниската цена, од предвидените 30 милиони и 500 илјади денари, за 12-те возила од буџетот на министерството, се издвоени 18 милиони и 300 илјади денари (без ДДВ).

Новите возила за Итната медицинска помош ќе бидат пуштени во употреба за неколку дена, откако тие ќе бидат регистрирани.

 

Share This Article :

Related Posts