ОЗДРАВЕНИ 126 ПАЦИЕНТИ,ПОТВРДЕНИ 19 СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 1386, ПОЧИНАТИ СЕ 2 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72.

Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.

Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово -8, Прилеп -2, Струга -2, Велес -2, Гостивар-1, Виница -1.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386, а последната дистрибуција по градови е следна:

•        Скопје – 471
        Куманово – 371
        Дебар – 51
        Штип-34
        Прилеп –141
        Тетово – 73
        Струга – 64
        Велес – 66
        Битола –19
        Охрид –15
        Кавадарци – 5
        Гостивар –15
        Гевгелија – 4
        Струмица – 2
        Крива Паланка-5
        Радовиш – 4
        Крушево – 3
        Кочани – 28
        Пробиштип – 2
        Кичево – 2
        Неготино -4
        Демир Хисар – 1
        Македонски Брод -2
        Пехчево- 1
        Валандово -1
        Виница – 2

Направените 335  теста се преку: ИЈЗ –290, Ветеринарен ф-тет – 0, Авицена – 0, Биотек –25, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  – 15 и МАНУ -5 .  Досега во земјата се направени вкупно 15120 тестирања на ковид -19.

На инфективната клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.
Во ГОБ „8 септември“, примени се 6 нови пациенти, а вкуоно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7.

Во Болницата во Битола  се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа  состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилна.

Сподели на:

Related Posts

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021