Пет клучеви за пoбезбедна храна – Прирачник

Небезбедната храна претставувала здравствен проблем за луѓето уште од времињата кога историјата за прв пат се запишувала и многу проблеми на безбедноста на храната кои се присутни денес не се нови.


Иако Владите низ целиот свет прават максимум што можат да ја подобрат безбедноста на снабдувањето со храна, појавата на алиментарни заболувања останува значаен здравствен проблем и кај развиените земји и кај земјите во развој.
Прирачникот за Петте Клучеви до побезбедна храна е поделен во два дела. Првиот е воведниот материјал и вториот дел се петте клучеви до побезбедна храна. Вториот дел ја елаборира суштинската информација за безбедна храна обезбедена од Постерот на СЗО за петте клучеви за побезбедна храна и сугерира како да се комуницира со овие пораки. Кога се презентира материјалот за Петте Клучеви до побезбедна храна важно е оваа суштинска информација и прашањата (пр. Зошто?) да останат исти како што се презентирани на постерот.

Share This Article :

Related Posts