ПИСМО ЗА ИНТЕРЕС ЗА ВРШЕЊЕ ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ ВО МРЕЖАТА НА ЗДРАВСТЕВНИ УСТАНОВИ ВО ДЕЈНОСТА АПТЕКИ

Со цел поефикасно снабдување и навремена достапност на лекови за сите граѓани на Република Северна Македонија, Министерството за здравство ги повикува сите заинтересирани здравствени работници и приватни здравствени установи да достават до Министерството за здравство – Писмо за интерес за вршење здравствена дејност во мрежата на здравствени установи во дејностa аптеки во примарна здравствена заштита или аптеки/аптекарски станици во населено место во рурална средина со најмногу 3.500 жители со постојано место на живеење на ниво на примарна здравствена заштита.

Во писмото за интерес задолжително да се наведат:
– Име и презиме на здравствениот работник или назив на здравствената установа кои се заинтересирани за вршење здравствена дејност согласно овој оглас;
– Дали се заинтересирани за аптека или аптекарска станица;
– Место (село или населено место) и општина за кои постои интересот;
– Број на аптеки за кои постои интересот;
– Податоци за контакт со заинтересираниот здравствен работник односно приватна здравствена установа (адреса, телефонски број односно е-маил адреса).

Писмата за интерес да се достават во архивата на Министерството за здравство, најдоцна до 31.01.2020 година, со назнака „Писмо за интерес за специјалист/аптека“.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021