ПО ПОЖАРОТ ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА КИСЕЛА ВОДА, 9 ПАЦИЕНТИ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА

Како последица од труење од чад, предизвикан од пожарот што избувна попладнево во скопската населба Кисела Вода, девет (9) пациенти се хоспитализирани на Универзитетската Клиника за токсикологија, при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Пациентите се во добра општа состојба. Тројца пожарникари се повредени. Едниот од нив има изгореници на десната дланка и веднаш е прегледан од пластичен хирург. Другите двајца пожарникари вдишиле чад. Останатите пациенти се станари од зграда, затруени од чад.

Share This Article :

Related Posts